|
|
Кардиологија
12 канално ЕКГ
Основно, почетно испитување во кардиологијата кое ги снима електричните
сигнали во срцето и помага во дијагнозата на аритмии, болести на
срцевиот мускул и срцевите артерии. Прегледот на бара претходна припрема
Ехокардиографија
Неопходна во дијагнозата на срцевите заболувања. Претставува
неинвазивна, многу прецизна метода при која со помош на ултразвучна
сонда преку градниот кош директно се визуелизира срцето, се мерат
димензиите на срцевите структури и шуплини, се прави проценка на
морфологијата и функцијата на срцевите залистоци, се проценува пумпната
снага и релаксацијата на срцевиот мускул. Со користење на напредната
ехокардиогрaфија со помош на напреднат кардиолошки софтвер (speckle
tracking/strain/strain rate) се овозможува најрано откривање на
оштетувањето на срцевиот мускул при кардиомиопатии, болести на срцевите
артерии, примање на токсични лекови . Прегледот не бара претходна
припрема.
Стрес ехокардиографија
Неинвазивно откривање и проценка на болеститe на срцевите артерии. Се
препорачува кај пациенти со умерена и висока клиничка веројатност за
коронарна артериска болест. Најпрво се прави ехокардиографија во
мирување, а потоа повторно кога срцето е при “стрес”, односно при
максимално оптеретување со ерговелосипед со што се постигнува
зголемување на срцевата фрекфенција и зголемување на потребата од
крвоснадбување на срцевиот мускул. Тестот се изведува по препорака и
претходна консултација со лекар. Пред тестот треба да се биде гладен
минимум три часа ( претходно може да се зема лесна храна ), да се носи
удобна облека и чевли, да не се пуши , пие кафе или енергетски напитоци
на денот на тестот, а во консултација со лекарот се прави прекин на
одредени лекови кои ја забавуваат срцевата работа
ЕКГ Холтер
Неинвазивна метода со која се врши континуирано снимање на срцевите
електрични сигнали , односно ЕКГ во тек на 24 до 48 часа. Со оваа метода
се врши дијагноза или проценка на срцевите аритмии, како забрзана,
неправилна или забавена срцева работа, причини за губиток на свест,
градна болка. Прегледот не бара претходна припрема. Кај мажи понекогаш е
потребно отстранување на влакнестиот дел на местата каде се поставуваат
електродите.
АБПМ (Холтер мониторинг на крвен притисок)
Следење на крвниот притисок во тек на 24 часа при што автоматизирано се
мери крвниот притисок на секој половина час во текот на денот и секој
час во текот на ноќта кои вредности апаратот ги бележи и потоа
анализира. Посебно се препорачува пред почеток на терапијата за
намалување на крвниот притисок , за проценка на ефикасност на
терапијата, за дијагноза на покачен крвен притисок или хипертензија во
случај на варијабилен крвен притисок, феномен на бел мантил, кај
пациенти кај кои постои инверзија на дневно-ноќниот ритам односно имаат
повисок крвен притисок во текот на ноќта како кај гојазни лица, лица со
шеќерна болест, бубрежни болести, “sleep apnea”. Прегледот не бара
претходна припрема.
Коронарен стес тест (КСТ)
Неинвазивна метода при која со помош на ерговелосипед се врши
контролирано физичко оптеретување (стрес) при што се врши проценка на
одговорот на срцевата фрекфенција и крвниот притисок при напор, се
анализираат промени во ЕКГ кои укажуваат на болести на срцевите артерии
. Тестот се препорачува кај пациенти со нејасна градна болка и ниска
клиничка веројатност за коронарна артериска болест , проценка на
физичката спремност, кај спортисти, при појава на аритмии. Тестот се
изведува по препорака и претходна консулатација со лекар. Пред тестот
треба да се биде гладен минимум три часа ( претходно може да се зема
лесна храна ), да се носи удобна облека и чевли, да не се пуши , пие
кафе или енергетски напитоци на денот на тестот, а во консултација со
лекарот се прави прекин на одредени лекови кои ја забавуваат срцевата
работа
|
|